ФЕИТ организира меѓународна школа за е-здравје

Објавено: февруари 14, 2022

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) организира тематска школа „Зимска школа за е-здравје и паметни уреди и технологии“, во рамки на европскиот проект WideHealth. На зимската школа ќе учествуваат 133 учесници од земјава, Португалија, Германија, Италија, Словенија, Нигерија, Перу, Франција и Јапонија. Меѓународната школа ќе се организира хибридно – со физичко присуство на Факултетот...

ИНОФЕИТ и МАСИТ потпишаа меморандум за соработка за ИНОФЕИТ Дигитален Иновациски Хаб

Објавено: декември 22, 2021

Компаниите членки во МАСИТ ќе може да ги користат капацитетите на ИНОФЕИТ Дигитален Иновациски Хаб (ДИХ) за да станат поконкурентни. ИНОФЕИТ и МАСИТ денес потпишаа меморандум за соработка со кој се овозможува компаниите преку ДИХ да воведат нови технолошки решенија кои ќе им го олеснат работењето. Дигиталниот иновациски хаб, односно ДИХ, претставува иновативен центар за дигитални...

Министерката Царовска го посети ФЕИТ кој доби поддршка од МОН за развој на двете научни лаборатории во состав на факултетот

Последна измена: декември 20, 2021

Убаво е кога наместо разни изговори дека не постојат можности или дека нема услови за вложување во развој на сопствените капацитети, во подигнување на квалитетот на наставно научниот процес во рамки на една високообразовна установа, ќе слушнеме и видиме иницијативност, континуирани заложби и изнаоѓање начини преку кои се унапредува работата на еден факултет и сиот...

Голем успех на нашиот колега проф. Марјан Попов

Објавено: декември 9, 2021

Нашиот поранешен колега проф. д-р Марјан Попов е избран за IEEE Fellow за 2022 година, за неговите придонеси во науката. Ова е едно од највисоките признанија, како и важно достигнување во кариерата, што го доделува едно интернационално здружение на електро-инженерите. Во последните 17 години Марјан работи во областа на заштита на електричните мрежи и моделирање...

Нашите најдобри студенти – успешни и во светот

Објавено: декември 7, 2021

Паулина Грнарова најдобро диломиран студент на ФЕИТ и доктор на науки на Универзитет ETH – Цирих e рангирана на престижната листа на магазинот Форбс – „30 under 30“. Рангирањето е резултат на новиот иновативен продукт базиран на вештачка интелигенција кој Грнарова го креираше во рамките на својот старт-ап „DeepJudge“, каде таа е коосновач и главен...

Потпишан договор за соработка помеѓу ИНОФЕИТ ДИХ и ИТС Софтвер Центар ДООЕЛ Скопје (Искрател)

Објавено: ноември 5, 2021

Во рамките на своите активности за подигнување на капацитетите и зајакнување на партнерската мрежа, ИНОФЕИТ Дигитален иновациски хаб (ДИХ) потпиша договор за соработка со ИТС Софтвер Центар ДООЕЛ Скопје (локална подружница на Искрател Словенија која од неодамна е во сопственост на групацијата S&T од Австрија). Договорот отвора можност за користење на middleware платформата на Искрател...

Посета на Лекс Електрик – Скопје

Последна измена: октомври 25, 2021

Компанијата ЛЕКС Електрик (https://lekselektrik.com.mk), со која Факултетот за електротехника и информациски технологии има потписано меморандум за соработка, на ден 18 и 19.10 2021 на плацот на компанијата организираше презентирање на опрема од компанијата HENSEL – Германија (повеќе на http://www.hensel-electric.de). Презентацијата ја посетија група студенти од нашиот факултет предводени од М-р Љупчо Карајановски. Покрај тоа студентите...