Стипендии МАКО СИГРЕ

Објавено: април 8, 2022

MAKO СИГРЕ водејќи се од премисата дека секогаш се подобри генерациите кои доаѓаат, веќе 10 години ги поддржува студентите кои студираат на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). Почнувајќи од академската 2021/2022 година МАКО СИГРЕ започнува со стипендирање на студентите од втора студиска година (4-ти семестар) на студиските програми...

Одржана првата работилница во рамките на проектот за ИНОФЕИТ ДИХ

Објавено: април 4, 2022

ИНОФЕИТ ДИХ ја одржа првата работилница во рамките на проектот “Подигнување на капацитетот на дигиталниот иновациски хаб ИНОФЕИТ”, ко-финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на С. Македонија. Целта на работилницата беше да се информира партнерската мрежа на ИНОФЕИТ за досегашните активности во проектот. Беа презентирани активностите околу градење на партнерската мрежа, меѓународните...

Училиштата на Град Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми

Датум на настан: 16.03.2022

Град Скопје согласно своите заложби за континуирано унапредување на квалитетот на образовните услуги, и оваа учебна година по петти пат ја продолжува инцијативата за поврзување и непосредна комуникација меѓу универзитетите, факултетите и средните училишта. Целта на оваа иницијатива е да им се помогне на матурантите во професионалното определување и изборот на студиските програми со кои...

ФЕИТ организатор на Меѓународниот симпозиум за применета електромагнетика

Датум на настан: 26.06.2022

Ни причинува особена чест и задоволство во име на Организацискиот одбор на Конференцијата да ве поканиме на 8-от Меѓународен Симпозиум за применета електромагнетика – САЕМ’2022 (8th Symposium on Applied Electromagnetics – SAEM’2022) кој ќе се одржи од 26.06 – 29.06. 2022 година во Струга, Македонија. Симпозиумот е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии...

Работилница CareerUp

Објавено: март 14, 2022

ФЕИТ преку Центарот за кариера а во соработка со ФСС-ФЕИТ и СТЕП УП започнува со серија на работилници, обуки и предавања. Тие се наменети за студентите со цел да им се помогне во нивниот развој и подготовка за понатамошно професионално градење како идни инженери спремни да се вклучат на пазарот на трудот. Првата работилница се...

СТЕП-АП и ФЕИТ потпишаа меморандум за соработка и стипендирање на студенти

Објавено: февруари 24, 2022

Студентите од ФЕИТ ќе можат да инвестираат во своите деловни вештини и да прераснат во водечки менаџери преку програмата за стипендирање на СТЕП-АП. Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, професор д-р Димитар Ташковски и основачот на Талент бизнис инкубаторот СТЕП-АП, дипл. инж. м-р Дарко Петровски,...

Ван Хоол ќе стипендира и поддржува магистри на ФЕИТ

Објавено: февруари 22, 2022

Компанијата Ван Хоол Македонија ќе стипендира и поддржува два магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, на денешното потпишување на договорите за стипендирање, истакна дека Факултетот продолжува со своите активности за унапредување на својата трета мисија: соработката со индустријата....