Пријавување

Пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2022/2023 година во првиот уписен рок ќе се врши во роковите утврдени со конкурсот.
Пред пријавувањето во роковите, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mkистемот iKnow е веќе отворен за пријавување). Секој кандидат треба да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот и да ги прикачи потребните документи.
Покрај прикачување на документите во iKnow системот, истите треба да се испратат на електронска пошта (e-mail) на следната адреса: upisi-feit@ukim.edu.mk
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот којшто автоматски го добиле од системот за електронското пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

Кандидатите не треба да ги доставуваат оригиналните документи во просториите на факултетот. Факултетот на web страната ќе ги објави роковите во кои кандидатите ќе треба да ги донесат потребните документи за пријавување и за запишување. 

Упатство за електронско пријавување

Пред поднесувањето на документи за упис, кандидатите ЗАДОЛЖИТЕЛНО ги пополнувааат податоците ЕЛЕКТРОНСКИ преку online Порталот за идни студенти на универзитетот УКИМ www.upisi.ukim.mk.

Најпрво треба да отворите кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“, дури и ако сте се регистрирале во минатите уписни рокови, бидејќи корисничките имиња се избришани. Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот – не отварајте нов профил.

Порталот овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист, изјава за национална припадност, изјава за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот.