Државна матура и предмети од средно образование

Листа на екстерни предмети и интерни предмети од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за кандидатите што полагале државна матура
во учебните 2020/2021 и 2021/2022 

  1. За сите кандидати задолжителен екстерен испит е предметот: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
  2. Изборен екстерен испит за кандидатите со:
  • Гимназиско и средно стручно образование се избира помеѓу: математика или странски јазик (англиски јазик, германски јазик, француски јазик и руски јазик),
  • средно уметничко образование е: се избира помеѓу странски јазик (англиски јазик, германски јазик, француски јазик и руски јазик) или естетика/филозофија.
  1. За интерните испити се бираат два предмети од:
  • Листа на наставни предмети за изборниот дел на државната матура во гимназиското образование – Математика, Странски јазик (англиски, француски, германски и руски), Физика, Хемија, Биологија, Историја, Географија, Класични јазици, Ликовна уметност, Музичка уметност, Филозофија, Социологија, Информатика – информатика со информатичка технологија (2 + 2 часа), Македонски јазик и литература (за учениците кои наставата ја следат на албански јазик или на турски јазик)
  • Листа на наставни предмети за изборниот дел на државната матура во средно стручно образование – Математика, Странски јазик (англиски, француски, германски и руски), Физика, Хемија, Биологија, Бизнис, Историја
  • Листа на наставни предмети за изборниот дел на државната матура во средно уметничко образование – Странски јазик (англиски, француски, германски и руски), Историја, Филозофија, Естетика
ЕКСТЕРЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ
Математика за гимназија:

  • физика, информатика или странски јазик (најмалку еден, а може и два предмета)
  • еден предмет по избор на кандидатот (еден од гореспоменатите предмети или некој друг сосема различен предмет)

за средно стручно образование:

  • физика, информатика или странски јазик (најмалку еден, а може и два предмета) еден стручен предмет според образовниот профил, по избор на кандидатот (еден од гореспоменатите предмети или некој друг сосема поразличен предмет)

 


Предмети кои се бодираат при вреднувањето на успехот од средното образование за
кандидатите кои средното образование го завршиле во учебната 2019/2020 година, или пред
учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура

 

ПРВ ПРЕДМЕТ ВТОР ПРЕДМЕТ
Математика по избор на кандидатите: физика, основи на електротехника, информатика

 


Листа на екстерни предмети и интерен предмет од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии за кандидатите што полагале државна матура од учебната 2013/2014 година до учебната 2018/2019година

  1. За сите кандидати задолжителен екстерен испит е предметот: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
  2. Прв изборен екстерен испит за кандидатите согимназиско образование и со средно стручно образование е предметот: математика или странски јазик, а за кандидатите со средно уметничко образование е: странски јазик или филозофија.
  3. Во прегледот се дадени вториот изборен екстерен предмет и интерниот предмет, кои кандидатите ги избираат при полагањето на државната матура, а кои се значајни за соодветната студиска програма.
ВТОР ИЗБОРЕН ЕКСТЕРЕН ПРЕДМЕТ * ИЗБОРЕН ИНТЕРЕН ПРЕДМЕТ
еден од изборните екстерни предмети, задолжително е математика за гимназија: без ограничување
за средно стручно образование и за средно уметничко образование: без ограничување

 


Листа на екстерни предмети и интерен предмет од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Факултетот за електротехника и информациски технологии за кандидатите што полагале државна матура заклучно  со учебната 2012/2013 година

 

1. ЗА СИТЕ КАНДИДАТИ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЕКСТЕРЕН ИСПИТ Е ПРЕДМЕТОТ МАЈЧИН ЈАЗИК.
2. Во прегледот се дадени другите предмети (екстерни и интерни) кои кандидатите ги избираат при полагањето на државната матура, а кои се значајни за соодветната студиска     програма.

ЕКСТЕРЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ ИНТЕРНИ ПРЕДМЕТИ
Математика (најмалку основно ниво) за гимназија:

  • физика, информатика или странски јазик (најмалку еден, а може и два предмета)
  • еден предмет по избор на кандидатот (еден од гореспоменатите предмети или некој друг сосема различен предмет)

за средно стручно образование:

  • физика, информатика или странски јазик (најмалку еден, а може и два предмета) еден стручен предмет според образовниот профил, по избор на кандидатот (еден од гореспоменатите предмети или некој друг сосема поразличен предмет)