Пријавување и запишување – II циклус

Електронското пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2021/2022 година во вториот уписен рок ќе се врши од 30.1.2022 до 18.2.2022 година.
Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Системот е веќе отворен.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при поднесување на документите.
Поднесувањето на документите за пријавување на кандидатите задолжително се врши во хартиена форма во горе наведениот период во читалната на ФЕИТ од 12:30 до 14 :00 часот.
Потребни документи:

  • Пријавен лист за запишување (А1 образец);
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – интерен и универзитетски пријавен лист;
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки);
  • Куса биографија (CV);
  • Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.);
  • Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија)
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има);
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
  • Документи за евентуални награди, признанија и други документи.
  • Изјава за неподигање документи (се печати и од електронската пријава)
  • Изјава за користење лични податоци (се печати и од електронската пријава)

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  • Индекс и пријавни листови (А3 образец)
  • Две фотографии (3,5х4,5)
  • Статистички образец (ВОИ.80А, се добива од одделението за студентски прашања)
  • Уплата за прва рата