Оперативни системи

Објавено: јуни 28, 2022

1. Наслов на наставниот предмет

Оперативни системи
2. Код 4ФЕИТ07З013
3. Студиска програма КТИ,КХИЕ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/5 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Марија Календар
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со концептите на работа на оперативните системи, концептите на процеси, синхронизација на процеси, управување со меморијата, датотечни системи, управување со I/O уреди и драјвери за I/O уреди. По завршување студентите ќе имаат компетенции за: познавање на сите елементи на дизајн на еден оперативен систем; работа со команди и скрипти во командна линија на ОС; познавање и работа со процеси, нитки, комуникација меѓу процеси и нитки (IPC) преку сигнали, семафори, монитори, размена на пораки и споделена меморија; познавање и работа со елементите за управување со меморија во ОС; познавање и работа со датотечни системи во ОС; познавање и работа со ОС за управување со уреди и познавање на концепт на пишување драјвери за уреди.
11. Содржина на програмата: Организација на компјутерски системи. ОС концепти. Развој на оперативните системи. Елементи на ОС. Архитектура на ОС. Јадра на ОС. Микројадрена архитектура. Виртуелизација и видови виртуелни машини. Вовед во процеси. Процеси во ОС. Креирање и управување со процеси. Нитки. Управување со нитки. Распоредување на процеси кај едно-јадрени и повеќе-јадрени системи. Меѓупроцесна комуникација и синхронизација на процеси. Семафори. Мутекси. Монитори. Датотечни системи во ОС. Управување со меморијата. Виртуелна меморија. Влезно-излезни уреди. Модули и драјвери.
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби
13. Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 25
16.3. Домашно учење 80
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 90
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Писмен дел: Два парцијални испити во тек на семестарот (по 90 мин) или еден писмен испит во предвидени испитни сесии (120 мин) со задачи
и
Теоретски дел: Тест прашања и проблеми (70 мин)
За време на испитот делумно е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки, но не е дозволено користење калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Andrew S. Tanenbaum, Modern Operating Systems, 4 Ed Pearson 2014
2 Silberschatz A., Galvin P.B., Gagne G. Operating systems concepts. 10th Ed. Wiley 2021
3 William Stallings Operating Systems: Internals and Design Principles, 9/e Pearson 2017
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Andrew S. Tanenbaum, Albert WoodHull Operating systems design and implementation, 3 Ed. Pearson 2006