Мобилна роботика

Објавено: јуни 28, 2022

1. Наслов на наставниот предмет

Мобилна роботика
2. Код 4ФЕИТ01Л008
3. Студиска програма КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Горјан Наџински
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање на студентите со предизвиците на моделирање и управување со мобилни роботи. Оспособување на студенти за работа со мобилни роботи и имплементација на алгоритми за интерпретација на околината и нивно управување, процесирање на податоци и мапирање на непосердната околина на роботите.
11. Содржина на програмата: Вовед и мотивација; Концепти на локо-моторни системи. Основи на погони за придвижување на роботи; Сензори и актуатори за мобилни роботи; Кинематика и динамика на мобилни роботи – земни возила; Кинематика и динамика на мобилни роботи – летала. Концепти на управување на земни возила и летала. Локализација, перцепција и SLAM – Симултано Локализирање и Мапирање. Работа со оперативниот систем за роботи – ROS: податочен систем, конструирање пакети,изучување на основните компонените на сервисите во ROS, создавање извори и претплатници во ROS.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
13. Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 0
17.2. Семинарска работа/проект 30
17.3. Активност и учење 0
17.4. Завршен испит 70
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Уредно изработени лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и задолжителен проект, кој студентите треба да го реализираат и презентираат во текот на семестарот .

1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, и успешно го имаат реализирано и презентирано проектот, се смета дека го положиле предметот. Презентација на проектот се одвива во времетраење не подолго од 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и поените добиени од проектот.
2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит, и кои претходно, за време на семестарот го реализирале и презентирале проектот, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот писмен испит и поените добиени од проектот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Roland Siegwart, Illah Reza Nourbakhsh, Davide Scaramuzza Introduction to Autonomous Mobile Robots, Second Edition MIT Press 2011
2 Sebastian Thrun, Wolfram Burgard, Dieter Fox Probabilistic Robotics MIT Press 2005