Микропроцесорски системи

Објавено: јуни 28, 2022

1. Наслов на наставниот предмет

Микропроцесорски системи
2. Код 4ФЕИТ07Л007
3. Студиска програма КТИ,КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6, IV/8 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Марија Календар
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основните концепти на работа на конкретни микропроцесори, нивната внатрешна архитектура, I/O компонентите, надворешно поврзување, временски дијаграми, магистрали и реален асемблер. По завршување на курсот студентите ќе имаат компетенции за: познавање на основни елементи од архитектура на микропроцесор; познавање на структура и користење на асемблерски инструкции; пишување реални асемблерски програми; познавање на мемориска архитектура, поврзување меморија со микропроцесор и користење мемориско адресирање и инструкции; познавање и работа со прекини и I/O уреди; практично познавање и користење на одредени напредни архитектурни концепти: концепт на цевки, виртуелна меморија и табели за страничење.
11. Содржина на програмата: Структура на процесори и процесорски системи. Развој на процесори. Основни карактеристики на процесори и современи процесори. Внатрешна архитектура на процесорски систем. Програмирање на процесорски систем. Асемблер и конкретни примери. Мемориски систем и начин на работа со меморија. Режими на адресирање. Извршување на инструкции. Влезно/излезен систем и компоненти. I/O инструкции. Прекини кај процесорски систем. Процесорски архитектури со предвремено земање инструкции. Работа со архитектура со повеќе процесори. Поврзување со надворешни компоненти и магистрали. Управување со современ мемориски систем. Дескриптори и селектори. Дескрипторски табели. Заштитен режим на работа. Процесорска поддршка за механизам за страничење на меморија. Виртуелен режим на работа. Табела на страници.
12.Методи на учење Лабораториски вежби, практична работа и настава
13. Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 30
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 45
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 25
16.3. Домашно учење 80
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 10
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 80
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Лабораториски вежби
20. Начин на полагање на испитот Практичен дел: Два парцијални испити во тек на семестарот (по 90 мин) или еден писмен испит во предвидени испитни сесии (120 мин) со задачи
и
Теоретски дел: Тест прашања и проблеми (70 мин)
За време на испитот делумно е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки, но не е дозволено користење калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Brey Barry INTEL MICROPROCESSORS: Architecture, Programming and Interfacing, 8th Ed Pearson, Prentice Hall 2009
2 Yifeng Zhu Embedded Systems with ARM Cortex-M Microcontrollers in Assembly Language and C: 3rd Ed. E-Man Press LLC 2017
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 M. Shafivulla, M. A. Naqvi, G. Vijay Kumar Microprocessors and Microcontrollers LAP LAMBERT Academic Publishing 2018
2 R. J. Tocci, F. J. Ambrossio Microprocessors and Microcomputers: Hardware and Software, 6th Ed Pearson 2002