Оглас за вработување во Вардар Доломит

Објавено: декември 28, 2021

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е vardar-dolomit.png

 

Се бара електроинженер во фабриката Вардар Доломит во Гостивар од електроенергетските насоки. Вардар Доломит е европски производител на синтер доломит, доломитни опеки и маси и е во сопственост на групацијата HAZNEDAR REFRACTORIES.

Имајќи директен пристап и контрола на главната сировина преку висококвалитетните рудници кои се во сопственост на компанијата, Вардар Доломит се наоѓа во стратешка предност во однос на неколкуте други производители на доломит во светот. Употребата на доломитот во индустријата за челик е рапидно зголемена во последните децении како резултат на нивната позитивна определба за производство на чист челик во чиста животна средина. Високиот степен на огноотпорност, инертноста кон челикот, одличните перформанси како и ниската цена го истакнуваат доломитот како разумен избор за производителите на челик во 21от век.Со производен капацитет од над 90.000 тони годишно, Вардар Доломит е горд што ги снабдува своите потрошувачи со доломитни огноотпорни материјали од највисок квалитет, добиени по највисоки стандарди.Во фабриката Вардар Доломит постои можност за кариера на инженери од сите области особено за електро и машински инженери. Поради видот на процесот на производство во нашата фабрика може да се вработуваат инженери од насоките  автоматика, електроника и електроенергетските насоки.

На огласот може да се јават апсолвенти, тој/таа ќе има можност за пракса во фабриката до неговото дипломирање.

Електроинженерот е задолжен за одржување на електричните машини во фабриката, одржување на електричната инсталација, одржување на трафостаниците во фабриката,  цртање на електрични шеми,   нарачки на материјали потребни за електро-одржување и други ситни технички и административни задачи.