Соопштение за електронски адреси

Објавено: септември 30, 2021

Почитувани колеги од прва година,

Ве известуваме дека ви се креирани електронски адреси на студентскиoт сервер за електронска пошта и корисничка сметка на порталот за електронско учење:

http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk

До серверот за електронска пошта може да се пристапи преку веб-адресата:

https://smail.feit.ukim.edu.mk/

Електронските адреси се во форма

<studiska_programa><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk,

каде што <broj_indeks> е бројот на индексот, без косата црта. На пример, студент запишан на студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство, со број на индекс 265/2021 би имал адреса tkii2652021@feit.ukim.edu.mk.

Иницијалната лозинка е поставена да биде матичниот број на студентот, а студентите ќе можат да ја променат преку веб-интерфејсот.

Количината на дoделeната меморија на секој корисник изнесува 1GB(еден гигабајт).

Најавувањето на порталот за електронско учење http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk, како и целокупната  комуникација на студентот  со наставниците, асистентите и службите на ФЕИТ ќе се одвива преку факултетска електронска адреса на студентот.

Кориничките сметки што ги користевте за пристап до подготвителните курсеви ќе бидат избришани на 03.10.2021.

Доколку наидете на проблеми контактирајте нè нa: e-admin@feit.ukim.edu.mk

 

Со почит ФЛАОП