Промоција на дипломирани инженери и магистри 2022

Датум на настан: 17.06.2022

Промоцијата на студентите кои дипломирале и магистрирале во изминатата година ќе се одржи на 17.06.2022 година, во Филхармонија на РСМ во Скопје. Термините во кои треба да пристигнат дипломците и магистрите, согласно бројот на диплома е според следниот распоред:

Диплома бр. Време
I циклус ЕКТС 2808-2822 18:45
I циклус ЕКТС 2823-2857 19:00
I циклус ЕКТС 2858-2907 19:15
I циклус ЕКТС 2908-2948 19:30
м-р ЕКТС 779-818 19:30

 

СПИСОК на дипломираните и СПИСОК на магистрираните студенти кои ќе бидат промовирани на годинешната промоција

СПИСОК  дипломирани со просек 9 и над 9 од генерацијата запишани студенти во учебната 2017/2018

Детална АГЕНДА, со цел да се запознаете со протоколот на свеченоста

Придружба на дипломците и магистрите е дозволена (најмногу до 3 лица).

Ве молиме да го почитувате времето и редоследот на активностите!

 

Ви посакуваме убава вечер.

Деканат на Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје.