Лабораторија за електрични мерења (ЛЕМ)

Во 2014 година во Лабораторија за електрични мерења (ЛЕМ) започнува да се воведува систем за обезбедување компетентност и квалитет, што се заокружи на 22. 11. 2015 со добивање акредитација од страна на Институтот за акредитација на Р. Македонија, сообразно меѓународниот стандард МКС EN ISO / IEC 17025 : 2006, како лабораторија за калибрација на мерила за електрични величини, електрична моќност и енергија, со Сертификат за акредитација бр. ЛК-012. Опсегот на акредитација на ЛЕМ опфаќа калибрација на: инструменти и генератори за еднонасочни и наизменични напони и струи, отпорност, капацитивност, фреквенција и фазен агол. Посебно треба да се нагласи дека ЛЕМ претставува врвна и единствена лабораторија за калибрација на еталони за електрична моќност и енергија во земјата, што е особено значајно дека со тоа се обезбедува мерна следливост и единство на мерењата во оваа многу значајна област на законската метрологија.