Факултетска лабораторијата за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење

Лабораторијата за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење e факултетска лабораторија формирана во 2018. година и работи по стандардот за квалитет MKC EN ISO / IEC 17025 : 2006. Таа е акредитирана од Институтот за акредитација на Република Македонија, за испитувања по стандардите МКС EN 13751 : 2011 – Прехранбени производи: oткривање храна третирана со јонизирачко зрачење со користење на фотостимулирана луминисценција и МКС EN 1788 : 2011 – Прехранбени производи: Детекција на термолуминисценција на храна третирана со јонизирачко зрачење од која можат да се изолираат силикатни минерали.

Покрај наставната дејност на прв, втор и трет циклус студии, каде се работат дипломски и магистерски работи, како и истражувања во рамките на повеќе докторски тези, Лабораторијата првенствено остварува и забележителна научно – истражувачка и апликативна дејност во областа на испитување и карактеризација на материјали изложени на јонизирачко зрачење. Лабораторијата е носител на Програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија – мониторинг на храна третирана со јонизирачко зрачење, доделена од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во Лабораторијата може да се прави испитување и карактеризација на материјали изложени на јонизирачко зрачење со користење на техниките: оптички стимулирана луминисценција опремена со мобилен инструмент за детекција на фотостимулирана луминисценција SUREC PPSL и термолуминисценција со системот за оптички стимулирана и термолуминисценција Riso TL / OSL DA 20 со радиоактивен извор на бета зрачење 90Sr / 90Y, со кој истовремено може да се испитуваат до 48 примероци. Лабораторијата располага и со дополнителна опрема за подготовка на примероците: ултразвучна бања Elmasonic S 50 R, центрифуга E8 центрифуга LW Scientific, и инструмент за мерење амбиентална температура и влажност TESTO 174H.

Подготовка на примероци за испитување со луминисцентни методи

Испитување на храна третирана со јонизирачко зрачење на Riso TL / OSL DA – 20 и SUREC PPSL screening system