Второ издание Science@FEIT

Датум на настан: 21.05.2022

Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) со огромно задоволство Ви го претставува второто издание на конференцијата Science@FEIT, посветена на промовирање на научно- истражувачката дејност кај студентите преку демонстрација  на интересни и применливи истражувања, трудови и дискусии од реномирани научници, професори и ФЕИТ алумни.
Нашата цел е преку овој настан да го стимулираме академското развивање кај младите, да овозможиме социјализација и подобрена комуникација помеѓу сите генерации на академски граѓани, додека демонстрираме симбиоза помеѓу длабоката наука, свежите умови и отменоста.
Конференцијата е поддржана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ) и Македонската секција на Институтот на инженерите по електротехника и електроника (IEEE- најголемата техничка професионална организација во Светот).
Овогодинешното издание ќе се  одржи на 21.05.2022, со почеток во 10:00, во просториите на хотелот Double Tree by Hilton, Skopje, во салата Diamond Ballroom.